Никола Карев

Никола Карев



Македонскиот револуционер Никола Карев е роден во 1877 година во Крушево, во мошне сиромашно семејство. Поради сиромаштијата бил принуден да го прекине школувањето и да се вработи како столарски чирак, а на 16 години заминува за Бугарија каде работи во столарската работилница на Васил Главинов. Потоа се враќа во Македонија, каде што се дошколува и станува учител во Битолската гимназија. Во исто време, Карев активно се вклучува во македонската револуционерна организација и станува раководител на Крушевскиот револуционерен комитет.

Во пресрет на Илинденското востание, и покрај тоа што бил против негово кревање, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен за тоа, по одлуката да се крене востание, зел активно учествува во подготовка и организација на востанието. Спроти Востанието, тој објавува Проглас во кој го повикува народот на востание.

„....Браќа, чашата на трпението се прелеа, пламнаа нашите срца и ние, синовите на страдалниот наш народ за да ги исполниме светите завети на нашите дедовци и прадедовци, се органзииравме, дадовме заклетва за верност до смрт и востанавме да и дадеме мир на нашата маченичка мајка Македонија, чија земја е натопена со солзите, потта и крвта на нејзините синови и ќерки и да издвојуваме слобода, леб и човечки правдини...“

После ослободувањето на Крушево, Карев бил на чело на новата востаничка власт, поради што и му се припишува функцијата на прв Претседател на македонската република - „Крушевската република “.

Никола Карев загинува 2 години после Илинденското востание, во судир со турска војска на 27 април 1905 година во месноста Свиланово.

На 50-годишнината од одбележувањето на Илинденското востание, неговите посмртни останки се префрлени во родното Крушево, а на 11 април 1990 година се сместени да почиваат во споменикот „Македониум“ со што македонскиот народ достојно се оддолжи на својот голем син, учител и заштитник.

27 април, ден на загинувањето на Никола Карев

Христо Узунов

Христо Узунов



„Мила моја мајко,
Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело?
- Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.
Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги.“

Ова се дел од зборовите на големиот македонски револуционер Христо Узунов, како дел од едно од неговите предсмртни писма упатени до неговата мајка.

Христо Узунов бил роден и пораснат во Охрид. Своето образование го започнал во родното место, а го продолжил во Солун, каде што и пристапил кон македонската револуционерна организација и раководел со тамошниот револуционерен кружок. По враќањето во родниот крај продолжува да раководи со организацијата во охридско-струшкиот регион, а поради својата активност на двапати е затворан во Битолскиот затвор.

Бил еден од најистакнатите учесници во Илинденското востанието, а по неговото завршувањето Христо Узунов заедно со својата чета останал да го штити македонското население. На 24 април 1905 година, заедно со своите соборци од Крушево заминува за село Цер, Кичевско, каде е предаден и опколен од силна турска војска. Во нерамна битка загинуваат неколку блиските соработници на војводата Узунов, а тој гледајќи дека се во безизлезна ситуација и несакајќи живи да се предадат, дава наредба за колективно самоубиство во кое загинува заедно со 11 свои другари. Турската војска откако ги пронашла мртвите тела на револуционерите, во нивна чест испукала почесен плотун како почит кон хероите.

Во едно од своите последни писма, Христо Узунов пишува:

„Последен пат збогум сестро,..... кажи им на другарите дека славно ќе умрам, зошто смртта е последна кога нема слобода. Нека бидат уверени дека делото ќе победи.....а Македонија ќе роди нови борци. Ние ќе живееме.... во спомените ваши.“

И навистина, војводата Христо Узунов со својата храброст, големина и чесност, останал длабоко врежан во меморијата на Македонскиот народ, како пример за тоа како се сака, како се работи и како се гине за својата татковина.

24 април, ден на загинувањето на Христо Узунов

Интервју со Генерал Маркос

Во 1977 година, новинарот на Македедонската Радио Телевизија (во тоа време Радио Телевизија Скопје) Петар Голабов, со претходно подготвени прашања од македонски историчари, направил интервју со Генерал Маркос. Во ова интервју, Генералот Маркос Вафијадис (Μάρκος Βαφειάδης), кој бил командант на демократската Армија на Грција (ДАГ) во граѓанската војна од 1946 до 1949 година, го признава постоењето на македонската нација.

На видеото долу можете да видите дел од споменатото интервју со генералот Маркос, со превод на англиски јазик подготвен од purpurenMacedonia:



Скриената војна

Британски документарен филм за „Грчката Граѓанската Војна“ со македонски превод.

Video Production Blogs - BlogCatalog Blog Directory Creative Commons License